а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фиксира

фиксираат; фиксирал; фиксиран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 8689
1. Конечно установи, установува, определи, определува, затврди, затврдува.
Англиски: fix Албански: fiksoj
Примери:
Да го фиксираме датумот на состанокот.
2. регистрира, запише, запишува
Англиски: record Албански: regjistron
Примери:
Таму беа фиксирани сите негови искажувања.
3. Устреми поглед во нешто.
Англиски: fixate Албански: fiksoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
За сето време тој ја фиксираше младата жена.
4. Во фотографирањето - обработи, обработува снимка по развивање.
Англиски: finish Албански: mbaroj
Примери:
Ја фиксира сликата.